Сопругата на Шумахер не му дозволила посета на Еди Џордан

Сопругата на Михаил Шумахер, Корина, не му дозволила на ирскиот бизнисмен и поранешниот сопственик на тим во Формула 1, Еди Џордан да го посети Германецот. Кога Џордан дошол во посета, Корина не му дозволила се види со неговиот поранешен колега и пријател.

„Корина во еден момент беше во врска со еден од моите возачи Хајнц Харалд Френцен. Подоцна го остави кога се омажи за Шумахер. Ја знам, ја контактирав и ја прашав дали би можел да дојдам да го видам Шумахер. Добив негативен одговор. Ми рече дека никој не може да го види освен најблиските членови во семејството. Недолго подоцна го видов син му Мик. Тоа е навистина добро момче“, рече Џордан.

Шумахер е еден од најдобрите возачи во Формула 1 во историјата и секако едно од заштитните лица во Формула 1. За жал во 2013 година доживеа несреќа на скијање и ја удри главата во карпа. Иако носеше кацига, повредите беа толку сериозни, што мораше да биде ставен во вештачка кома шест месеци. Сега е на домашно лекување во неговата вила покрај езеро во Женева, а неговиот пријател Жан Тод неодамна откри дека заедно гледале трки.

„Не се согласувам со тоа дека Шуми е најдобар на сите времиња. По малку сум резервиран околу тоа прашање. Беше одличен, нема сомнеж во тоа, иако понекогаш не ми се допаѓаше неговиот стил на тркање“, рече Џордан, за кого Шумахер возеше еднаш во Белгија, во 1991 година во квалификациите.

Scroll to Top