Спасено е прегладнето бебе фока во Санкт Петербург

Прегладнето бебе фока е спасено во областа на брана во Санкт Петербург. Центарот за спасување на морски цицачи соопшти дека тоа е првото бебе фока што било спасено оваа година и било згрижено во центарот во селото Репино.

Според извештаите, тежината на младенчето е само 15 килограми, а на почетокот на својот самостоен живот, младенчето фока треба да тежи повеќе од 40 килограми за да не замрзнува во ладна вода и за да може да научи да фаќа риба, објави РИА Новости.

Државното претпријатие „Водоканал Санкт Петербург“ учествува во спасувањето на морски цицачи во балтичкиот регион од 2013 година, а првиот модерен специјализиран центар за рехабилитација на морски цицачи во Русија беше отворен во 2014 година. Вработените во таа институција успеале да спасат и да вратат во природата повеќе од 130 фоки.

Scroll to Top