„Споделено знаење“ организира натпревар за најдобра фотографија

Од 1 февруари до 31 март ќе се одржи натпреварот за избор на најдобра фотографија „Вики го сака фолклорот 2023“, кој го организира здружението „Споделено знаење“.

Натпреварот ќе биде во рамки на четвртото меѓународно издание на „Вики го сака фолклорот“, организирано од иницијативата Wiki Loves Folklore.

Натпреварот има за цел да одбере слободни фотографии од фолклорот од Македонија. Целта на тие фотографии е понатаму во иднина да бидат користени од документарен и информативен карактер, односно за подобра илустрација во статиите на Википедија, како и за другите слободни викимедиини проекти. Има двa типа на награди: месни (македонски) и меѓународни.

Најуспешните фотографии според оценката на македонско стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, доделувани од „Споделено знаење“:

* Прва награда за најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 400 евра
* Втора награда за втора најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 200 евра
* Трета награда за трета најдобро оценета фотографија – денарска противвредност од бруто 100 евра
* Награда за учесник со најмногу фотографии – денарска противвредност од бруто 300 евра

Најуспешните фотографии, според оценката на меѓународното стручно жири, ќе бидат наградени со ваучерски награди, доделувани од иницијативата Wiki Loves Folklore, и тоа:

* Прва награда за највисоко оценета фотографија – ваучер од 500 долари
* Втора награда за втора највисоко оценета фотографија – ваучер од 400 долари
* Трета награда за трета највисоко оценета фотографија – ваучер од 300 долари
* Утешни награди за останатите десет највисоко оценети фотографии – 10 ваучери од по 40 долари
* Награда за најдобро видео и награда за најдобро аудио податотека – 2 ваучери од по 150 долари
* Две награди за учесници со најмногу закачени фотографии – ваучер од 100 долари (прво место) и ваучер од 50 долари (второ место)
* Разгледници со Вики го сака фолклорот за најдобрите 100 закачувачи на фотографии.

Повеќе за натпреварот на неговата главна страница.

Scroll to Top