Србија на едно место собра 256 луѓе со исто име и презиме и влезе во Гинис

Србија го собори Гинисовиот рекорд, со тоа што на едно место се собрале 256 луѓе со исто име и презиме.

Пред неколку месеци била испратена покана до сите жени по име Милица Јовановиќ со цел Србија да се обиде да го собори Гинисовиот рекорд за најголем број луѓе со исто име и презиме собрани на исто место во исто време.

До денес тој рекорд го држеше Токио со 178 луѓе по име Хироказу Танака, а пред тоа САД го држеше рекордот со името Марта Стјуарт, кога во Њујорк во 2005 година се собраа 164 луѓе со тоа име.

Роберт Чобан на Инстаграм го објави сертификатот за Гинисовата книга на рекорди и им се заблагодари на сите учесници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Robert Coban (@robert_coban)

Scroll to Top