Србинката Фиби Новаковиќ се најде на листата на најмоќни жени на светскиот економски магазин „Форбс“. Според магазинот Новаковиќ има 290 милиони долари ѝ е една од ретките жени кое се наоѓа на местото извршен директор во областа на воената индустрија.
Е на чело на моќната компанија Macquarie Group, која е меѓу најголемите производители на одбрамбена технологија за владата на САД. Поранешна агентка е на ЦИА и жена која зад себе има два брака. И во двата го има задржа моминското презиме.
На листата на „Форбс“, е на 88 место, додека на листата најмоќни жени на 30 место. Фиби речиси никогаш не се појавува во јавност и не сака да зборува за медиумите.
Во ретки случаи дава интервјуа затоа што не сака да се експонира. Раскажа дека родителите ја воспитале да биде скромна и дека е најважно било да биде добра личност. Татко ѝ бил српски имигрант кој на 17 години дошол во САД со само 50 долари во џеб. Подоцна станал воен пилот.
Ѝ помогнал на Фиби да се вработи во владата во одбрамбената технологија. Знаел шест јазици, но, не и англиски. Но и покрај тоа успеал да стане известувач во американското воздухопловство.
„Можностите кои му ги дала земјата, му биле всадени уште во раното детство и затоа навистина верувам во служењето на нацијата“, рече Фиби.
Родена е во 1958 година, а по средното школо на Смит колеџот, студирала либерална уметност. Во 1979 година почнала да работи за ЦИА.
Кога првпат ја интервјуирале и ја прашале за деталите од животот им одговорила дека нема никакви шанси да каже било што во присуство на руски амбасадор. Така ги насмеала сите.
Во 1989 година дипломирала на Универзитетот во Пенсилванија. Во тој период имала две ќерки, а третото ѝ било на пат. Кога барала работа рече дека не секогаш луѓето ја пречекувале со раширени раце. Откри дека во една фабрика за челик, додека била во седмиот месец од бременоста, одбиле да ја примат на разговор.
„Мислам дека тоа беше најбрзото интервју на светот. За околу 30 секунди ми рекоа дека не вработуваат. Јас тоа го разбрав, не ве вработуваме вас. На крајот добила работа во Канцеларијата за управување и буџет за време на мандатот на претседателот Буш постариот.
Работела за Пентагон, а во компанијата General Dinamics е од 2001 година. Во меѓувреме станала генерална директорка во компанијата која е меѓу најголемите воени соработници со владата на САД. Сака да слуша опера, а љубовта ѝ ја пренела баба ѝ додека ја чувала во Германија.
„Живеам во Вашингтон веќе подолго време и научив дека е најдобро да се лета под радарот“, рече Фиби.
За нејзиниот приватен живот не се знае многу. Медиумите пишувале дека се мажела двапати, прво за Мајкл Викерс, а потоа во 1985 и за Дејвид Морисон. Во двата брака го задржала моминското презиме.
„Сопругот отсекогаш ми беше наклонет и ја имав неговата поддршка. Не би можела да го работам она што го работам да не беше тој и поддршката која ја добивав од него“, рече Фиби во едно од нејзините интервјуа.