Златен, сребрен, бронзен медал и пофалница освоија македонските средношколци кои учествуваа на Балканската олимпијада по физика.
Јан Стојановски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, освои златен медал. Матеј Гелев, ученик во трета година во истото школо освои сребро, Емилија Николовска, ученичка во трета година во Математичко-информатичка гимназија во Скопје, освои бронза, а специјална награда, пофалница за најдобар постигнат резултат на Олимпијадата доби Матеа Митревска.
Домаќин на Олимпијадата беше Друштвото на физичарите на Кипар, а локален организатор Друштвото на физичарите на Македонија и Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
“Овој успех на средношколците од Македонија е најголем успех на една олимпијада имајќи го предвид фактот што првпат од учеството на ученици од независна Македонија на меѓународните олимпијади ученикот Јан Стојановски освои златен медал. Овој успех на учениците се должи исклучиво на личното залагање и труд од нивна страна, како и залагањето и подготовката која ја прават неколку асистенти и професори од Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје“, рекоа од Друштвото на физичари