Средношколци од Македонија освоија еден сребрен и два бронзени медала на Интернационалната олимпијада по информатика

Македонски тим на средношколци на 34. Интернационална олимпијада по информатика освои еден сребрен и два бронзени медала. Олмпијадата се одржува од 7 до 15 август во Јогјакарта, Индонезија. Тимот од Македонија го сочинуваат учениците Благојче Павлески, Марко Таневски, Софија Велковска и Тео Китановски, предводени од лидерите, д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Интернационалната олимпијада по информатика по 2 онлајн изданија, оваа година се одржува како хибриден настан и повеќе од 90-те тимови се присутни во Индонезија.

Сребрениот медал го освоија учениците од Македонија, Благојче Павлески, ученик од Прилеп, со завршено средно образование во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Додека учениците Марко Танески, исто така од Прилеп, и Тео Китановски од Скопје освоија бронзени медали.

На настанот учествуваат вкупно 352 од најдобрите средношколци во областа на компјутерските науки, кои беа избрани преку годишните национални натпревари во програмирање во земјите учеснички.

Scroll to Top