Стогодишна баба од Италија ја обновила возачката дозвола и се уште е способна да вози автомобил

Кандида Удерзо е стогодишна баба од Италија која се уште вози автомбил. Таа е третата стогодишна баба која ја продолжила својата возачка дозвола за да можеда вози.

„Ова обновување ме прави среќна и ќе ме направи да се чувствувам послободна“, изјави Кандида за италијанскиот медиум Кориере дел Венето.

Лицата кои се постари од 80 години мора да ја обновуваат возачката дозвола на секои две година.

“Имам среќа. Да живеам здрава до сто години е изненадување и за мене. Никогаш не пијам апчиња, само повремено за да заспијам”, рекла таа.

Кандида Удерзо се пофалила дека одличен вид, не и се потребни очила за да може да чита весници.

Scroll to Top