Стружанецот Сотир Настоски освои сребро на Државното првенство во САД во бразилско џиу џицу

На Државното првенство во бразилско џиу џицу (БЏЏ) кое се одржа на 25 февруари во градот Ралеиг, САД, стружанецот Сотир Настоски, кој е истакнат карате мајстор го освои второто место во дисциплината но-ги (без кимоно).
Настоски, кој настапува за Бразилскиот топ тим Шарлот, во финалето се сретна со Џибрил Диоп од САД.

На првенството учествуваа преку 600 натпреварувачи во различни дисциплини.

Scroll to Top