Ирена Велевичковска за првпат му судеше на сопругот, Александар Ристевски во Првата фудбалска лига на Македонија, пренесе „Штипски Асови“. Ирена беше четвртиот судија на мечот меѓу Брера Струмица и Воска Спорт кој заврши со победа на домаќинот од 2:0.
Ристевски играше за Брера и рече дека сопругата била професионална и дека со другите колеги суделе објективно и не направиле ниту една грешка.
„Судсиката четвротка не направи ниту една грешка во Струмица. Судеше објективно и професионално. На теренот нема пријателство, мора да се суди по правилата на фудбалската игра. На стартот на сезоната остваривме две победи и можам да кажам дека сум среќен што играм за овој тим“, рече Ристевски.
За потсетување, екипата од Струмица претходно славеше и во првото коло против Вардар со 1-0.