Легендарниот германски голман Мануел Нојер го изгубил паричникот додека се возел во такси, а возачот откако го нашол одма му го вратил.
Прво се обидел да му го достави дома, но, откако не успеал да ја најде адресата, отишол на неговиот имот во Тагернз. Не го нашол ни таму, па соседите му ја кажале адресата на неговиот агент.
„Кога ми ја отвори вратата му го оставив мојот контакт и податоци“, рече таксистот Хазир С. кој приказната ја раскажал на германски „Билд“.
„Името и адресата на Мануел Нојер биле на неговата лична карта. Внатре имаше и Виза Платниум карта, црна Мастер карда и околу 800 евра во кеш“, додаде таксистот кој рече дека не земал ни евро од паричникот. Се надевал дека Нојер лично ќе го почести.
„Ако ништо друго барем го спасив од вадење на нови документи“, рече тој.
По две недели такститот добил пакет со дресот на Мануел Нојер со негов автограм. Немаше порака за благодарност, нешто на кое замерил Хазир, кој објасни дека потрошил 400 евра на гориво додека го барал голманот.
„Наградата е смешна. Имам четири деца. Што да му правам јас на дресот?“, рече незадоволниот Хазир, кој во меѓувреме контактирал и со клубот на Нојер, Баерн Минхен, за да добие отштета. Од клубот го игнорирале неговото барање. И самиот Нојер ги игнорирал новинарите кои му пставувале прашање за Хазир.