Пејачката Тамара Тодевска ќе биде главна ѕвезда на Тамбурашкиот фестивал во Куманово, кој ќе се одржи на 25 август на градкиот плоштад.
Освен Тамара на фестивалот најавени се Слаткар и 2Бона, како и тамбурашкиот состав „Трио Гранде“ кои ќе го отворат фестивалот. На градскиот плоштад ќе настапат и Бјелопољски тамбураши.
Тамбурашкиот фестивал е традиционален и е меѓународен, кој е во организација на Фондацијата за култура и спорт под покровителство на општина Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на фејсбук го најави фестивалот преку објава.