„Танец“ со концерт во Штип ја започнува концертната сезона низ земјава

Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ во четврток ќе има концерт во Штип, со што ја започнува концертната сезона низ земјава.

„Почитувана наша публико, Танец ја започнува сезоната на концертирање низ татковината. Прва дестинација е Штип, градот на Ацо Шопов, градот каде што е одржана првата опера и градот полн извонредни музичари. Не ја пропуштајте ја можноста да го видите Танец во полн сјај, овој четврток, во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во 20 часот“, рекоа од „Танец“.

Целовечерниот концерт на Ансамблот „Танец“ во Штип, насловен е „Танец низ татковината“. Влезот е 100 денари. На програмата ќе бидат изведени, „Велигденско оро“, „Копачија“, сплет песни од кореографијата „Серебз Донка“, „Водарки“, „Копачка“, Музички сплет од песни и ора, „Оро Крстачка“.

Scroll to Top