Тејлор Свифт направи хаос за време на турнејата: Сингапур и’ плати да не настапува на други места, светот е револтиран

Сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лунг денеска изјави дека одлуката, американската пејачка Тејлор Свифт да ја направи земјата единствена станица во Југоисточна Азија на нејзината светска турнеја не е непријателски чин кон соседните земји.

„Нашите агенции преговараа со неа за аранжман да дојде во Сингапур и да настапи и Сингапур да биде единствената станица во Југоисточна Азија. Тоа се покажа како многу успешен аранжман. Не го гледам тоа како непријателски однос“, рече Ли на прес-конференција во Мелбурн, каде што присуствува на регионален самит, пренесе Ројтерс.

Владата на Сингапур претходно објави дека постигнала договор со пејачката.

Најавата ги налути другите земји во регионот, а властите во Тајланд рекоа дека договорот е постигнат под услов тоа да биде единствениот настап на Свифт во Југоисточна Азија, додека филипинските власти рекоа дека тоа „не е она што го прават добрите соседи“. Концертите на Свифт во Сингапур се одржуваат од 2 до 9 март, со шест распродадени настапи.

Текстот Тејлор Свифт направи хаос за време на турнејата: Сингапур и’ плати да не настапува на други места, светот е револтиран е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top