Македонскиот тенисер Калин Ивановски е победник на турнирот од ИТФ – серијата со награден фонд од 25.000 долари во Ираклион, Грција, откако во големото финале го порази Романецот Себастијан Гима.
Ивановски до победата дојде откако ги доби сите десет сетови по големата доминација во текот на играта.
За Ивановски ова е голем успех, особено што на последните три одиграни турнири испаѓаше уште во првото коло. Вомоментов на АТП-листата, Калин е на 746. место.