Шеснаесетгодишниот Мејсон Дарк од Северна Каролина се здобил со тешки изгореници на 80% од телото поради опасен предизвик на Тик ток. Со другарите сакале да направат импровизиран факел со спреј и запалка, но работите тргнале наопаку кога дошло до експлозија која ги зафатила сите.
„Мојот Мејсон сега е непрепознатлив“, рече мајка му Холи Дарк, за медиумите.
Оддма по експлозијата Мејсон скокнал во река за да ги ублажи изгорениците, но целата кожа му била изгорена. Лекарите рекоа дека с здобил со изгореници од трет степен и бил изложен на висок ризик од инфекција од водата во реката.
„Откако излезе од реката беше непрепознатлив. 100 пати поразличен“, рече Дарк. Мејсон направил неколку операции и се очекува следните шест месеци да ги помине во Центарот за изгореници.
Експертите велат дека на социјалната мрежа Тик ток, која претежно ја користат младите, се шират голем број опасни совети, трикови и предизвици. Тинејџерите, инфлуенсерите и другите корисници често ги ризикуваат животите во трката за да ги направат. Експертите досега многупати предупредувале за оние кои оставаат негативни последици по здравјето, но безуспешно.