Тинејџерка му посвети цртеж на убиениот домар од училиштето во Белград

Стотици луѓе се собираат пред основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде вчера се случи масакр во кој беа убиени девет лица. Учениците и граѓаните оставаат потресни пораки околу училиштето. Една девојка нацртала цртеж посветен на убиениот чувар Драган. На цртежот пишува „Нашиот херој“.

Учениците му оставаат пораки и на Драган, пишува Телеграф. „Грижи се за мене таму горе, добар мој Драган, Лука те сака“, „Благодарам на нашиот Драган што беше тука за нас“.

Да потсетиме, тринаесетгодишен ученик вчера уби најмалку осум деца при пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар. Според Нова.рс, тој најпрво пукал во портирот, кој се обидел да го спречи и да му го одземе оружјето.

После тоа почнал да пука по случаен избор. Тој прво пукал во три лица во училишниот ходник, а потоа упаднал на час по историја и продолжил да пука. Тој испукал најмалку 15 истрели.

Фото: Никола Томиќ/ Телеграф

Scroll to Top