„Топ ган: Маверик“ заработи милијарда долари и стана најуспешниот филм за 2022 година

„Топ ган: Маверик“ викендов ја надмина заработката од една милијарда долари и стана најуспешниот филм во 2022 година. Продолжението на големиот хит со Том Круз од 80-тите го надмина „Доктор Стрејнџ во мултиверзумот на лудилото“, кој оствари заработка од 943 милиони долари. Хитот на Круз досега заработи 521 милион долари во Северна Америка, а 484,7 милиони во остатокот од светот.

Филмот првично требаше да излезе во јуни 2020, но неколкупати беше одложуван поради пандемијата. Премиерата, конечно, беше во мај на Канскиот фестивал.

Scroll to Top