Торта со лимон е официјален десерт на прославата за 70 годишнината од владеењето Елизабета Втора

Торта со лимон попрскана со ситно мелени бисквити амарети победи на минатонеделниот официјален натпревар за десерт за да се послужи за време на прославата на платинестиот јубилеј како дел од прославите на 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора.

Членовите на жирито Мери Бери и главниот готвач на Бакингемската палата Марк Фланаган едногласно избраа десерт од Џеми Мелвин, 31-годишна аматерка готвачка.

На почетокот на годината беше објавен конкурс за оригиналниот официјален десерт со кој достојно ќе се прослави годишнината на кралицата. Сите граѓани на Обединетото Кралство над осум години можеа да аплицираат, а условот беше десертот да биде прилагоден на секое домаќинство.

Избраниот десерт на Џеми Мелвин се состои од пет слоја – на дното е ролат, кој се прелива со желе од портокал и лимон, потоа слој од урда и крем од лимон, слој амарето (италијански бадеми), сос од мандарина, шлаг, рендана кора од портокал, рендано чоколадо и поголеми парчиња амарето.

Кралицата Елизабета Втора, најдолготрајната британска владетелка, на почетокот на февруари го прослави својот 70-ти роденден на тронот на Обединетото Кралство, а прославата исполнета со настани ќе трае четири дена и ќе се одржи од 2 до 5 јуни. Ќе биде одбележан со бројни концерти, церемонии и други настани, како и бројни раскошни гозби во чест на кралицата.

Scroll to Top