Тоше Проески, Горан Пандев, Кире Лазаров се имињата кои се најдоа на мапата со најзначајните луѓе во светот

Мапа на која се вклучени сите најважни личности и места каде се родени објави Дејли Меил. Креатор на оваа мапа наречена „Мапбокс“ е истражувачот и географ, Топи Тјуканов.

Кога ќе ја пребарате мапата на Севрна Македонија ќе видите истакнати имиња од светот на политиката, историјата, музиката, спортот,културата, како Мајка Тереза, Тоше Проески, Кире Лазаров, Горан Пандев, Кочо Рацин, Мето Јовановски и други.

Во Србија тоа се Слободан Милошевиќ, Константин Велики, Моника Селеш, Милева Мариќ и многу други.

Црна Гора, пак, ги има Радован Караџиќ, Петар II Петровиќ Његош, Веселин Шљиванчанин и Вељко Ражнатовиќ.

Босна и Херцеговина, сепак, е со најпознатите Гаврило Принцип, Иво Андриќ, Емир Кустуриќ, Бранко Ќопиќ и Милорад Додик.

Додека Хрватска е со Никола Тесла, Тито, Марио Манџукиќ, Раде Шербеџија, Лука Модриќ и Горан Вишњиќ.

Кога станува збор за Лондон, излегува дека Чарли Чаплин е најважната личност во британската престолнина, иако се очекуваше тоа да биде некој од кралското семејство.

Што се однесува до САД, на топ-листата во Тексас се Селена Гомез, Томи Ли Џонс и Бијонсе, на Флорида водат Аријана Гранде, Џим Морисон и Томас Пети, а во Калифорнија Мерилин Монро, Камерон Дијаз и Шер.

Scroll to Top