Трансродна затвореничка оплодила две жени во затворот во Њу Џерси

Трансордна жена која отслужува 30 години казна за убиство, оплодила две затворенички во затвор во Њу Џерси. 27-годишната Деми Мајнор веднаш била префрлена од женскиот во друг затвор во Њу Џерси и била сместена во специјално одделение, каде била сама во ќелијата.

Таа во блогот објавен на нејзиниот сајт се пожалила дека е префрлена во еден од најнасилните затвори и дека другите затвореници ја малтретирале и шиканирале.

Исто така се пожалила дека ѝ било одбиено барањето дека била до целосно пребарувана од жена чувар, како и дека во затворот сите ѝ се обраќале во машки род.

Мајнор веднаш била префрлена од затворот Една Махан, откако се дознало дека две затворенички со кои имала сексуални односи забремениле од неа.

Њу Џерси во 2021 година усвои политички коректно правило на основа на кое на затворениците им се дозволува да ги изберат затворот во согласност со својот родов идентитет.

Scroll to Top