Трет слон умре од херпес вирус во зоолошката во Цирих

Трет слон во Зоолошката градина во Цирих почина од вирусот на херпес. Рувани, беше 5-годишна женка слонкоја според соопштението од зоолошката градина, боледувала од ендотелиотропен херпес вирус на слон (EEHV) – состојба која обично мирува кај повеќето слонови.

Зоолошката градина, ја сподели информацијата на Фејсбук. Според соопштениети Рувани била лекувана, но ветеринарите не успеале да ја спасат. Ова е трет случај во кој вирусот ендотелиотропен херпес усмртува слон во истата зоолошка.

Омиша беше 8-годишната женка, која почина претходно овој месец, и Умеш, 2-годишното машки слон кој почина на крајот на јуни.

„Губењето на трет слон од овој страшен вирус за толку кратко време е трагична загуба за Зоолошката градина во Цирих“, рече директорот на зоолошката градина Северин Дресен во соопштението.

„За нас како зоолошка градина, особено е фрустрирачки што сме немоќни против вирусот и покрај најдобрата ветеринарна нега од Универзитетската болница за животни во Цирих“, продолжи Дресен.

Веројатноста оваа болест да се појави кај другите слонови во зоолошката градина останува мала, велат од зоолошката градина.

„Зоолошката градина Цирих ги следи слоновите на примерен начин со редовни тестови на крвта. Тоа значи дека во рана фаза може да се открие зголемено вирусно оптоварување во телото и веднаш да се преземат соодветни мерки”, изјави Вилем Шафтенаар, ветеринарен советник во европската програма за одгледување на зачувување EEP за азиски слонови.

Според него, слоновите кои страдаат од овој вирус имаат стапка на смртност од 85 проценти. Се вели дека е причина за смрт кај слоновите низ европските и американските зоолошки градини кои датираат од 80-тите.

Слонот сочинуваше една од двете групи слонови во зоолошката градина заедно со нејзината мајка Фарха и бабата Џејла-Химали. Умеш и Омиша го формираа другото стадо со мајката Инди и сестрата Чандра.

Scroll to Top