Три деца и бебе се пронајдени во џунгла, преживеале 17 дена по авионска несреќа

Три деца и едно бебе преживеале 17 дена во шуместиот предел Амазон во Колумбија. Тие преживеале откако претходно им се срушил авионот со кој патувале со нивната мајка Магдалена Мукутуј Валенсија. Децата биле на возраст од девет и четири години и со нив било и единаесет месечно бебе.

За целото тоа време за нив се грижела најстарата 13 годишна сестра. Таа рече дека целиот тој период биле на милост и немилост на дивите животни и дека преживеале јадејќи овошје од џунглата.

Кога го нашле авионот, спасувачите ги извлекле телата на нивната мајка и пилотот. Несреќата се случила на 1 мај, а од властите освен дека станува збор за механички дефект, не кажаа детали.

Вооружените сили соопштија дека напорите за пребарување ги интензивирале откако спасувачите забележале засолниште изградено на импровизиран начин од стапови и гранки, што ги натерало да веруваат дека има преживеани. Претседателот Густаво Петро го прогласи спасувањето радост за земјата.

Веста ја сподели на „Твитер“, објаснувајќи дека децата биле откриени по тешки напори на војската. На фотографиите објавени од вооружените сили, меѓу гранките на земјата во џунглата може да се видат ножици и лак за коса. Пронајдено е и бебешко шише и полуизедено овошје.

Во понеделникот и вторникот војниците ги најдоа и телата на пилотот и уште на двајца возрасни кои полетале од џунглата до Сан Хозе дел Гуавијаре, еден од главните градови во амазонската прашума во Колумбија. Една од жртвите била Магдалена.

Спасувачите рекоа дека огромните дрвја кои биле високи до 40 метри, како и дивите животни и обилните врнежи им ја отежнале потрагата. Биле користени три хеликоптери, од кои едниот исфрлил снимена порака од бабата на децата на јазикот Хуито, во која им порачува да престанат да се движат низ џунглата.

Висината и дебелината на дрвјата го отежнувале забележувањето на децата од воздух. Некои од дрвјата биле високи и до 50 метри. Дивите животни и обилниот дожд исто така ја пролонгирале потрагата. Надлежните ркеоа дека условите во џунглата се сметаат за крајно опасни, пишува „Дејли мејл“.

Освен механички дефект властите не кажаа што го предизвикало падот на авионот. Пилотот пријавил проблеми со моторот само неколку минути пред да исчезнат од радарот, соопшти колумбискиот сектор за одговор при катастрофи.

Тоа е регион со малку патишта. Тешко е да се патува и по река, така што воздушниот транспорт е вообичаен за овој дел од светот. Сепак луѓето се прашуваат како четири мали деца успеале да преживеат 17 дена во такви услови.

Scroll to Top