Тристе години Божиќен саем во Виена: ќе биде поставена елка од 28 метри

Оваа година Виена прославува 300 години Божиќен саем и поради јубилејот, на 10 ноември 2022 година отвора 17 саеми со 950 тезгиња без ограничувања. Украси за новогодишната елка, идеи за подароци од секаков вид, варено вино, карактеристична храна за овој град, ќе се најдат на тезгињата на божиќниот маркет во оваа т.н. божиќна престолнина.

Вкупно 161 штанд ќе нудат кулинарски специјалитети, а почитувањето на хигиенските услови ќе биде строго контролирано.

Поставена е елката пред градското собрание, а се работи на организацијата на саемот. Секоја година една австриска провинција испраќа дрво за украсување на плоштадот пред собранието. Годинешната смрека е висока 28 метри, стара 130 години и потекнува од Штаерска. Новогодишната елка ќе светне на 19 ноември во присуство на градоначалникот на Виена, Мајкл Лудвиг.

Scroll to Top