Триумф на Ѓоковиќ на Австралија Опен со што го израмни рекордот на Надал од 22 освоени гренд слем титули

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ триумфираше на Австралија Опен. Ова е десетти триумф на Ѓоковиќ и го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 освоени гренд слем титули.

Во финалето во Мелбурн, Ѓоковиќ го совлада грчкиот тенисер Стефанос Циципас со 6:3, 7:6, 7:6 и со ова е на врвот на АТП-листата.

Триумфот на Ѓоковиќ следува една година откако тој беше депортиран од Австралија затоа што немаше примено вакцина против ковид-19.

Scroll to Top