Цеца во март ќе пее во Скопје

Цеца Ражнатовиќ на 4 март ќе пее во дискотеката Централ парк во Скопје. Таа по подолго време ќе настапи пред скопската публика, овој пат во ноќен клуб. Публиката од 22:30 часот ќе ја забавува диџеј Здравко, а потоа следува концертот на Цеца. Организаторите велат дека наскоро ќе откријат повеќе детали околу концертот и цената на билетите.

Scroll to Top