Црниот форд ескорт на принцезата Дајана продаден за 760.000 евра

Автомобилот на принцезата Дајана кој го користела е продаден на аукција за 650.000 фунти или околу 760.000 евра. Таа возеше црн форд ескорт РС турбо кој го користела три години од август 1985 година.

Автомобилот, со регистрација C462FHK, бил продаден на аукцијата на „Силверстоун“ во Ворикшир, на купувач од Чешир. Аукционерот Џонатан Хамберт изјавил дека има голем интерес за возилото, кое добило најголем број телефонски понуди во последните 12 години. Наддавањето започнало од 100.000 фунти, а заинтересирани купувачи имало од  Дубаи и Ковентри. Имало и понуди од околу 450.000 фунти, но на крајот победил купувачот со седиште во Велика Британија.

Во јуни 2021 година, уште еден „форд ескорт“ користен од принцезата Дијана беше продаден на аукција за 52.000 фунти.

Scroll to Top