Црвен тепих за македонската премиера на „Кајмак“ на Милчо Манчевски

Церемонија со црвен тепих за македонската премиера на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ќе биде во среда на 16 ноември, пред Филхамонија.

По светската премеира во Токио филмското оставрување на Манчевски веќе в четврток ќе почне да го прикажува во 30 градови низ земјата.

По Токио каде беа распродадени проекциите на Токискиот фестивал, „Кајмак“ беше прикажан во Тајван на Филмскиот фестивал Златен коњ.

Впечатоци од премиерите во Токио и Тајван на денешната прес конференција споделија и актериките Ана Стојановска и Сара Климоска.

„Импресиите од разговорите со публиката беа дека филмот ги насмеал, расплакал и ги замислил, интересно беше дека не следеа по проекцијата, не само на фестивалот, туку и на улица за да земат автограми од нас“, рекоа актерките.
Според режисерот Милчо Манчевски, „Кајмак“ е љубовна приказна за возрасни. Црна комедија или среќна трагедија за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот  е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

„Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина. Но, секое добро уметничко дело те кани да го ѕирнеш светот со поинакви очи. „Кајмак“ ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите, а сите тие се во исто време и жртви и душмани“, рече Манчевски.Во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.


Прикажувањето на филмот во кината низ Македонија започнува во четврток, 17 ноември и закажано е во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Scroll to Top