Црвена звезда ќе го повлече дресот со бројот 11 во чест на Драган Џаиќ

Фудбалскиот клуб „Црвена звезда“ од следната сезона ќе го повлече дресот со број 11 во знак на почит кон Драган Џајиќ.

„Многу врвни фудбалери го носеа дресот со број 11 во Ѕвезда, а еден од нив е и Драган Џајиќ. Затоа од следната сезона никој нема да ја носи единаесетката на Ѕвезда. Ова го правиме во знак на благодарност кон Џајиќ за сѐ што направи за клубот“, соопштија од „Црвена Ѕвезда“.

За потсетување, бројките 12 претходно им беа посветени на навивачите на клубот, а 26 беше повлечен по трагичната смрт на Горан Гогиќ. Џајиќ за Ѕвезда настапуваше пет сезони, а во тој период одигра 305 натпревари и постигна 113 голови.

За репрезентацијата на Југославија, играше 85 мечеви и даде 23 гола. Со југословенската селекција беше финалист на Европското првенство во 1968 година. Во клупската кариера ги бранеше и боите на француската екипа Бастија од 1975 до 1977 година.

Scroll to Top