Марк Цукерберг рече дека Илон Маск не е сериозен и дека се обидувал да ја избегне тепачката во кафез. На ова Маск му одговори дека бил кукавица. Расправијата почна во неделата, откако Цукерберг на неговата апликација Threads, рече дека е подготвен да се бори, но дека Маск ја одолговлекувал работата.
„Прво, Илон не може да го потврди датумот, потоа вели дека мора да се оперира, а сега бара да вежба во мојата сала. Кога ќе стане сериозен и ќе предложи место и време, знае како да ме најде“, рече Цукенберг.
На ова Маск брзо му одговори нарекувајќи го кукавица.
„Цукенберг не може да јаде во рестораните за брза храна Chic fil-A во кои се служи пилешко, бидејќи тоа би било канибализам“, напиша Маск на својата социјална мрежа X.
За потсетување, двајцата милијардери се договорија да се тепаат уште од јуни. Прв почна Маск кога напиша дека е подготвен за борба во кафез со Цукенберг кој тренира џиу џицу.