Турците им подарија на Мексико германски овчар, во знак на благодарност за кучето Протео кое загина барајќи преживеани во земјотресот

Турција им подари на Мексико германски овчар, во знак на благодарност за помошта во спасувањето по земјотресот кој се случи во февруари. По страшниот земјотрес, во спасувачките акции учествуваа и мексикански кучиња трагачи. Турција соопшти дека се надева дека кучињата ќе продолжат по примерот на Протео кое загина за време на трагањето по преживеани по земјотресот, објави „Би-би-си“.

Кучето кое Турците им го испратија на Мексико, засега нема име. Од Мексиканското министерство за одбрана, кое обучува кучиња трагачи, побара од луѓето да гласаат за едно од трите имиња, Протео II, Аркадас, што на турски значи пријател, или Јардим, што значи помош.

Мексико е земја во која често се случуваат земјотреси, има цивилни и воени тимови со единици кучиња специјализирани за потрага по преживеани во случај на катастрофа, пишува, „Танјунг“, а пренесе британски „Телеграф“.

Меѓу кучињата кое Мексико ги испрати во Турција по земјотресот беше и Протео, деветгодишен германски овчар, кој успеа да пронајде маж и жена под урнатините. Протео почина додека бил во Турција, а неговиот тренер ги демантираше гласините дека починало од удар од урнатините.

Тренерот рече дека Протео загинал од исцрпеност, поради долгото патување и напорните часови пребарување по преживеани во студени услови. Протео беше погребан во Мексико, а претходно му беше оддадено почест на церемонија.

Од Министерството за одбрана на Мексико, на „Фејсбук“, објаснија дека кучето од Турција ќе го дочекаат со раширени раце и дека се надеваат дека ќе оди по стапките на Протео.

 

Scroll to Top