УЕФА размислува да исфрли три европски прваци од Лигата на шампионите

Како што пренесува италијанскиот весник Gazeta, од УЕФА сè уште размислуваат за опцијата да ги исфрлат од Лига шампиони од наредната сезона Јувентус, Реал Мадрид и Барселона. Казната би можела да ги стигне ако се одлучат повторно на акција да организираат Суперлига.

Раководствата на трите клуба беа подготвени минатата година на вакво нешто, а уште 12 други клуба сакаа да им се приклучат. По притисокот на јавноста и навивачите, оваа идеја пропадна.

Сепак судот во Мадрид донесе одлука УЕФА да има одврзани раце кога е во прашање казната на трите од 12 клуба. Санкциите се очекува да бидат исти и за останатите девет клуба односно да платат казни од 15.000.000 евра и 5% од износот кои го добиваат од сезонските приходи.

Новото рочиште сега е закажано за јуни, а Европскиот суд на правдата нема да донесе одлука за легитимноста на Суперлигата до 2023 година.

„Газета“ тврди дека УЕФА е подготвена на секаква можна акција, во случај трите наведени клуба повторно да започнат со акцијата за формирање на Суперлигата или пак се одлучат да не ја прифатат казната. Некои медиуми пренесоа дека постојат назнаки тоа да се случи.

Италијаните дури споменуваат дека клубовите би можеле да бидат исфрлени од ЛШ и дека таквата одлука би можела да биде донесена уште за наредната сезона 2023/2024.

 

 

Scroll to Top