Украинска балерина со оружје ја брани државата, откако пред три години го изгуби мажот во војна

По почетокот на војната во Украина, Лесија Воротњук, балерина на Националната опера во Киев, реши да ја брани својата земја со оружје во рака.

Лесја одамна знае како изгледа војната. Нејзиниот сопруг загинал пред три години во војната во источна Украина, но и покрај лошото искуство, таа отпатувала на бојното поле за да помогне во одбраната на земјата, пишува The Economist.

На крајот на февруари таа помогна во евакуацијата на цивилите, а подоцна се приклучи на единицата за територијална одбрана во Киев.

„Уметноста има посебна улога во оваа борба. Руските цареви и советските владетели со различни степени на жестокост ја потиснуваа украинската култура со векови прогонувајќи ги украинските уметници, исмејувајќи ги нивните национални аспирации и потиснувајќи го нивниот јазик“, рече Лесија.

На Запад сè уште трае дебатата за бојкот на руската култура, така што уметниците кои го поддржуваат Кремљ треба да се разликуваат од оние кои се против.

„Странците не ја разбираат целосно нашата позиција, бидејќи балетот секогаш се поврзува со Русија. Но, луѓето во окупираниот Мариупол одбија да земат храна и хуманитарна помош од Русите, тие избраа глад. Не е фер балетот да изведува руски дела додека тие страдаат“, рече таа.

Додека порано објавуваше фотографии од своите настапи, сега на социјалните мрежи доминираат кадри од бојното поле. Таа посвети еден пост на регионот Доњецк.

„Оваа област доживува војна од 2014 година. Оттогаш се водат жестоки битки за овие региони. Таму живеат луѓе кои заслужуваат слободен и мирен живот. Таму слушнав многу приказни. Приказни за војна. Тоа беше кога половина од нашата земја не беше ни свесна дека се води војна на украинска територија“, напиша балерината.

 


Scroll to Top