Украинската тенисерка ја победи Русинката, одби да и пружи па гласно викна- слава ѝ на Украина

“Сенка на големиот успех на Украинката фрли еден неспортски потег којшто тенисерката го направи по натпреварот.

Младата тенисерка не сакаше да се ракува и фотографира со својата ривалка од Русија. Иако руските спортисти немаат никаква врска со војната во Украина, огорчената тенисерка ги гледа како непријатели.

Очекувано, по натпреварот победата ја прославила со своите сонародници.

„Ова е посебен момент, да се освои трофеј во позиција во која моментално се наоѓам… Сакам да го посветам на Украина и на луѓето кои се борат и умираат. На сите кои се на трибините и кои ме гледаат, особено на Украина, и сакам да порачам: Слава ѝ на Украина!“, викнала Марта.

За потсетување, младата тенисерка јавно ги прозва колегите и колешките кои се од Русија и Белорусија затоа што јавно не ја осудија војната и постапките на нивната влада.

„Нема да играм натпревари против тенисерки од Русија и Белорусија. 95 отсто од нив ја поддржуваат инвазијата на Русија врз Украина, иако тоа се обидуваат да го скријат – сите тие се исти“, изјавил Марта минатата година.

На удар од тенисерката од Киев минатата година беше и Новак Ѓоковиќ на којшто жестоко му замери затоа што ја осудил одлуката на Вимблдон да им се забрани на руските и белоруските спортисти да се натпреваруваат.

„Сакам моите колеги од тенисот да сфатат каква е ситуацијата и да ни дадат поддршка. Но, мислам, погледнете што кажа Новак. Погледнете што кажа Рафа. Како ќе ве поддржи цел свет, кога тројцата најдобри играчи ќе кажат ваква работа?“, изјавила Марта.

Scroll to Top