Украинците го имаат најгледаниот евовизиски настап за 2022 година, Констракта е на 10 -то место

Најгледан евровизиски настап е на украинскиот бенд Калуш Оркестра, кој победи со песната „Стефаниа“, на второ место е Шпанката Шанел , а потоа се претставниците на Русија од сезоната 2020 и бендот Литл Биг и песната „Уно“.

На шестото место е „Zitti E Buoni“, победничкиот настап на бендот Манескин од 2021 година, а Констракта е единствениот претставник на поранешна Југославија во топ 10, откако настапот „In Corpore Sano“ ја зазеде десеттата позиција.

На 43. место се Марија Шерифовиќ и познатата „Молива“, а нумерата беше претставена далечната 2007 година.

Уредниците на официјалната веб-страница на Евровизија ги објавија 50-те најгледани настапи во текот на 2022 година на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб.

Минатата година публиката масовно ги следеше не само настапите на учесниците на Евровизија 2022 година во Торино, туку и бројни архивски снимки од настапи.

 

Scroll to Top