Ултра-маратонци од Македонија помеѓу најдобрите на трка во Истра

Ултра-маратонци од Македонија изминатиот викенд беа дел од трка во Истра.

Ултра-маратонците учествуваа на трката во Истра која е дел од светската серија на ултра-маратони. Некои од нив се натпреваруваа на 168,6 км, други на 110 км, а имало и натпреварувачка која се натпреварувала на 42,1 километар.

Виктор Најдовски се издвои како најдобар наш натпреварувач кој делницата од 168,6 километри ја мина за 28 часа, 49 минути и 13 секунди. Тој го освои 68. место.

Втор најдобар беше Јовица Јованчев, со време од 36 часа, 31 минута и 19 секунди, кому му припадна 150. место, а Дарко Шиповиќ стигна пет секунди подоцна од него и ја финишираше трката како 151.

На трката со делница од 110 километри, најдобра Македонка беше Радмила Јованова со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди. Таа во својата категорија беше 16. место, а како 25. девојка ја мина целта. Во вкупниот пласман на сите натпреварувачи на 110 километри, таа заврши на 152. место.

На оваа далечина настапи и Бобан Стојановски кој оствари време од 20 часа, 25 минути и 48 секунди. Тој го освои 229. место.

Сунчица Близнаковска се натпреваруваше на трката од 42,1 километар и делницата ја помина со време од 6 часа, 10 минути и 31 секунда.

Scroll to Top