Умре најстарата женка пингвин во зоолошката во Единбург откако ја нападнала лисица

By

Најстарата женка пингвин во зоолошката градина во Единбург умре откако беше нападната од дива лисица која упадна во нејзиниот ограден простор.

dobivaj vesti na viber

„Госпоѓа Воловиц почина во средата вечерта по инцидентот“ – објавија од зоолошката градина, објаснувајќи дека другите пингвини во колонијата се неповредени.

„Знаеме дека многумина од вас ја сакаа оти таа беше нашиот најстар пингвин. За среќа, остатокот од колонијата е неповреден и сите се добро. “ – објавија од зоолошката градина во Единбург.

Од зоолошката градина најавија и дека стручни тимови секојдневно го проверуваат куќиштето за да откријат можни знаци на оштетување, бидејќи секогаш постои ризик дивите животни да упаднат во нив. Размислуваат и за можноста за дополнително зајакнување на оградите.

Ќе ви се допадне