„Уште не сум сретнал жена која е поубава од мојата, ако земам уште една, тоа ќе биде само со нејзин благослов“, рече претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров

Претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров рече дека сè уште немал сретнато жена која е поубава од неговата сопруга Медни Мусаевна Кадирова. Тие се знаат уште од деца. Пораснале во исто село, а оделе и заедно на училиште.

Рамзан го послушал советот на татко му да ја земе Медни за сопруга. Кога се земале таа имала 17 а тој 19 години. Брзо потоа го добиле и своето прво дете, синот Ахмед, кој името го добил по дедо му кој загинал бранејќи ја својата земја.

Медни и Рамадан потоа добиле уште девет деца. Имаат четири сина и шест ќерки, а имаат посвоено и уште две момчиња. На тој начин тие велат дека сакаат да им бидат пример на сите мажи и жени во Чеченија и да покажат дека семејството треба да им биде на прво место.

Медни покрај тоа што е зафатена со децата, има лансирано и своја модна линија за промовирање на традиционална облека. Жените во Чеченија е познато дека се облекуваат според строгите исламски правила. Тие ја покриваат главата и телото и ставаат малку шминка на лицето.

Нејзиниот бренд е популарен во исламскиот свет, а нејзините модели се изработуваат и во Обединетите Арапски Емирати. Рамзан рече дека Медни ги почитува строгите правила на облекување.

Познато е дека во Чеченија е дозволена полигамија, но Кадиров иако има право да има четири легални сопруги, тој сепак решил да ја има само Медни.

Неодамна се шпекулираше дека се оженил со друга девојка Фатима (18), која ја запознал за време на ревијата на неговата сопруга Медни. На крајот овие информации се покажаа како неточни.

Рамадан неколку пати изјавил дека ниту една жена не може да ја замени неговата Медни, а ако реши да се ожени со уште некоја, тоа ќе го направи исклучиво со нејзин благослов.

„Сè уште не сум сретнал жена која може да ги надмине доблестите и убавината на мојата сакана
Медни“, рече Кадиров. Претседателот на Чеченија е многу контроверзна и необична личност, која го привлекува вниманието на луѓето кои не следат политика. Рамзан Кадиров стана активен миротворец и даде значаен придонес во развојот на својата република и главниот град Грозни.

Роден е на 5 октомври 1976 година, а неговиот татко Ахмад Кадиров бил истакнат политичар. Сега Кадиров ја доби титулата Херој на Руската Федерација, а доби и Орден за заслуги за татковината и Орден за храброст. Одбранил дипломска работа по економија, мајстор е во бокс, игра фудбал, а активен е и на „Инстаграм“.

Scroll to Top