Утре бесплатен туристички разглед на Скопје, Охрид и Битола

По повод Светскиот ден на туристички водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници в сабота (24 февруари, сабота) организира бесплатен разглед на градот Скопје.

Разгледот ќе се одржи во два термини: со почеток во 12 и во 13 часот со почетна точка пред спомен куќата на мајка Тереза.

„Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости на градот Скопје може да присуствуваат. Во сабота ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од Асоцијацијата.

Истовремено Асоцијацијата на туристички водичи ќе организира бесплатен разглед и на Охрид и Битола.

Текстот Утре бесплатен туристички разглед на Скопје, Охрид и Битола е превземен од МАКФАКС.

Scroll to Top