Ванда го убеди Берлускони и договори сопругот да ѝ игра во неговиот тим

Аргентинскиот фудбалер, Мауро Икарди, од наредната сезона повторно ќе игра во Италија, а за тоа е заслужна неговата сопруга Ванда Нара. Таа го убедила поранешниот италијански премиер и сопственик на клубот Монца, за да може сопругот да игра за него, пишуваат медиумите.

Според нив таа му направила одличен договор уште на првиот состанок. Икарди од ПСЖ ќе потпише за Монца. Андреа Галијани и Силвио Берлускони, некогаш двоецот од Милан, се согласиле на условите на Ванда.

Икарди го врзуваа и за тимот на Јувентус, но, на Аргентинецот повеќе му се допаѓа кога не е под голем притисок. Тимот на Монца се врати во Серија А, по 40 години, а Берлускони уште одма сака да направи резултати. Ванда договори Икарди да биде најплатениот фудбалер во екипата.

Договорот ќе важи само две години, нешто што им одговара и на двете страни. Тимот на Монца на почетокот го бараше Икарди како позајмен фудблер, но сега се чини дека ќе мора да му плати обештетување на ПСЖ. Се очекува дека Икарди ќе го чини Берлускони околу 15 милиони евра.

 

 

Scroll to Top