Велосипедска тура во сеќавање на загинатата планинарка Калина

Во сеќавање на планинарката Калина, в недела на 5-ти февруари по петти пат ќе се одржи меморијална велосипедска тура.

„Ќе оддадеме почит и ќе положиме свежо цвеќе во сеќавање на нашата другарка, пријателка, бајкерка и планинарка Калина“, информираат организаторите.

Велосипедската тура ќе се вози преку Ченто, Стајковци, Црешево, Булачани, а турата ќе заврши на градските гробишта во Бутел.

Зборното место за велосипедистите ќе биде кај Универзална сала во 09.00 часот, а во случај на лоши временски услови, турата ќе се презакаже.

Калина Велевска, трагично загина во 2018 година искачувајќи се на Кајмакчалан.

Scroll to Top