Велшанец нуди 13 милиони евра за фрлен хард диск со биткоини

Пред речиси 10 години Џејмс Хауелс фрлил хард диск на кој чувал биткоини додека го чистел својот стан.

Денес, кога вредноста на биткоинот е 184 милиони евра, Хауелс планира да понуди милиони на оној што ќе го најде овој хард диск во депонија во Њупорт, град во јужен Велс.

Доколку хард дискот работи, овој Велшанец ветил дека ќе инвестира 10 отсто од парите во отворање центар, место за развој на криптовалути.

Џејмс Хауелс, ИТ-инженер, во 2013 година случајно фрлил хард диск на кој „ископал“ 8.000 биткоини, криптовалута која во тоа време била во рана фаза на развој.

Вредноста на оваа валута флуктуираше, па во јануари 2021 година изгубените биткоини на овој Велшанец вредеа повеќе од 250 милиони евра, но вредноста се намали на почетокот на 2022 година.

Градот Њупорт, кој исто така ја поседува депонијата каде што бил фрлен хард дискот, постојано го одбивал барањето на Хауелс да ја пребара депонијата, поради еколошка опасност.

Сепак, Џејмс Хауелс верува дека ќе може да го финансира ископувањето на ефикасен и еколошки начин.

Scroll to Top