Навивач од Велс починал за време на Светското првенство во Катар. Според „Би-Би-Си“ се рбаоти за природна смрт на 62-годишен велшанец.
Велшкиот фан, Кевин Дејвис на Светското првенство бил заедно со својот син и со пријатели. Тој починал синоќа, на истиот ден кога Велс загуби од Иран во групната фаза. Дејвис не бил на мечот меѓу Велс и Иран.
Велшките фанови во голем број се присутни во Катар, нивната репрезентација првпат е на Светско првенство по 1958 година.