(Видео) 62-годишен Французин преживеал 16 часа под превртен чамец во Атлантскиот Океан

62-годишен Французин преживеал 16 часа во воздушниот меур под чамецот кој се превртел во Атлантскиот Океан. Тој испловил од Лисабон, а во понеделникот вечерта испратил сигнал за помош од Атлантскиот Океан, на околу 22,5 километри од островот Сисаргас кај шпанска Галиција, пишува „Гардијан“.

Спасувачки брод со пет нуркачи и три хеликоптери биле испратени да го пронајдат и спасат човекот, чиј идентитет не е соопштен. Додека нуркач го пребарувал пловилото, мажот почнал да удира однатре, но морето било премногу разбранувано за да продолжи со спасувачката операција.

Крајбрежната стража потоа прикачила пловни балони на трупот на бродот за да спречи понатамошно потонување.

Французинот морал да го чека утрото, а двајца нуркачи пливале под чамецот за да му помогнат на мажот додека водата допирала до неговите колена.

Откако го спасиле, тој бил префрлен во болница, но набрзо бил пуштен оти лекарите не забележале повреди ни психички трауми.

Според еден од нуркачите на шпанската крајбрежна стража, можноста за преживување на мажот била речиси невозможна.

Scroll to Top