(Видео) Ајкула ги исплаши туристите на плажа во Флорида

Ајкула ги исплаши туристите на плажа во Флорида. Посетителите на плажата во Пердидо Ки во Флорида викендов избегаа од крајбрежјето на Атлантскиот Океан откако виделе ајкула во плиткото.

Први ја виделе двајца мажи кои испаничиле и почнале да викаат и да ги предупредат сите за опасноста.

За потсетување, периодов неколку големи бели ајкули биле видени во близина на заливот Кејп Код во Масачусетс, а наводно ги имало и покрај бреговите на Чатам, Орлеанс и Нантакет. Кејп Код е познат како место во кое има најголем број од овој предатор, поради зголемената популација на фоки кои живеат таму.

„Тие се фокусираат на Кејп Код бидејќи таму има храна за нив, но овие ајкули можат да се појават секаде. Патуваат по целиот брег“, вели Џон Чишолм, истражувач на океанот.

Морските биолози предупредија дека најдобро е да се избегне делот за пливање во океанот пред зори и по самрак, бидејќи токму тогаш најчесто се хранат ајкулите.

„Тогаш ајкулите имаат предност во однос на пленот”, објасни океанскиот биолог Боб Хутер.

Scroll to Top