Алигатор нападна жена на роденденска забава за деца. Инцидентот се случи во центар за рептили во Јута. Алигаторот ја фати за рака Линдзи Бул и ја повлече во своето живеалиште. За среќа на крајот беше спасена пренесе Skaj njuz.
Ја спаси еден од посетителите, Дони Вајзман, кој скокна во водата и се фрли врз рептилот. Видеото го објавија децата на „Твитер“ и е видено повеќе од милион пати. Бул како и сопственикот на центарот за рептили, рекоа дека не треба на алигаторот да му се случи ништо.
„Ќе се бориме колку што можеме да го задржиме. Додека ние се грижиме за него, нема да има никакви последици по него. Тој само го направи она што го прават сите животни“, рече Бул, на која по операцијата ѝ беше спасена раката.
Alligator handler gets bitten at kids birthday party. Random dad jumps in and saves her hand. pic.twitter.com/kv6Xp2HvxU
— Catastrophic Failure (@ohshidt) August 20, 2022