Млад човек му даде репрезентативен дрес со десетката на Меси на еден бездомник на улиците на главниот град на Аргентина за да може да се приклучи на прославата што се случуваше низ целата земја.
Човекот падна на колена, се расплака додека го облекуваше дресот, а потоа му се заблагодари на Бога, додека минувачите извикуваа „Вамос, вамос“ (Ајде, ајде).
Argentine homeless man in Buenos Aires gets Argentina football jersey pic.twitter.com/vKM1IbCVtA
— Martin Varsavsky 🇺🇦 (@martinvars) December 19, 2022
„Веројатно долго време не се чувствувал дека е дел од ништо. Во тој момент се чувствуваше прифатено. „Мислам дека сте апсолутно во право. Во моментов малку ми се стега грлото. Ова беше навистина неверојатен момент“, „Плачам“, „Убаво е да се чувствува вклучен во прославата човек кој инаку сигурно се чувствува како аутсајдер во својата земја“ се дел од коментарите на социјалните мрежи. “>Љубезниот гест беше доволно емотивен сам по себе, но тоа повеќе укажува на моменталната економска состојба на Аргентина.
Во нација погодена од економска криза и вртоглаво растечка инфлација, победата на Светското првенство доаѓа во време кога многу Аргентинци се соочуваат со финансиски проблеми.