Аргентинскиот фудбалер Паоло Дибала на „Тик ток“ објави видео од соблекувалната додека со колегите ја славеа победата над Хрватска во полуфиналето. Еден од нив го фрли дресот на Хрватска во канта за ѓубре.
Лицето се наоѓа на другиот крај од просторијата и е облечен во црно, па затоа не може да се види за кого станува збор. Еден од фудбалерите, Ромеро, кој му е соиграч на Перишиќ во Тотенхем, брзо реагираше и го извади дресот па го фрли кон еден од соиграчите во аргентинската репрезентација.
Многумина навивачи реагираа на ова и коментираат дека тоа што го направија не е коректно.
За потсетување, Аргентина ја победи Хрватска со 3:0 и се пласираше во финалето на Светското првенство, каде во недела ќе го очекува подобриот од натпреварот меѓу Франција и Мароко.
Argentina pic.twitter.com/zfS5YdrrxE
— ScepanCar (@ScepanCar) December 14, 2022