(Видео) Беира Салифоска, дамата што бранеше дипломска на Брајово писмо, ќе трча на Визер скопскиот маратон

Беира Салифоска првата во нашата земја како лице со оштетен вид, кое одбрани дипломска тема напишана на Брајово писмо, се подготвува за да трча на Визер скопскиот маратон.

Беира веќе активно се посвети на тренинзите за нејзиниот нов предизвик, со персонализиран тренер.

За Визер скопскиот маратан Беира зборуваше и во интервју за Репортер, која по завршувањето на дипломската рече дека сака да се посвети на нејзините следни предизвици.

„Трчање на Скопскиот маратон, летање со параглајдер, посета на природните убавини во нашата земја и уште многу други работи“, вели Беира како лице со оштетен вид.

Беира е вработена на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација како физиотерапевт (масер). Најчесто е прва смена од 7 до 15 часот, а денот ѝ е исполнет со премногу пациенти, како и дружба и комуникација со колегите.

Видео: Панче Перковски

Scroll to Top