(Видео) Бекам навиваше за Ѓоковиќ на Вимблдон

Легендарниот англиски фудбалер дојде на тенискиот турнир Вимбелдон за да се поздрави и навива за Новак Ѓоковиќ. Познато е дека познати личности доаѓаат на натпреварите на Ѓоковиќ, а овој пат Бекам беше сведок на неговата 30 во низа победа на Вимбелдон.

По прегратката следеше долг разговор, а ниту едниот ниту другиот не ги тргнаа насмевките од лице.

За потсетување, тенисерот дојде до третата победа на турнирот откако го победи Австралијанецот Џордан Томпсон со 3:0. На добар пат е и да го изедначи рекордот на Федерер со осум освоени пехари во Лондон.

Scroll to Top